мај 17 2012

Во сеќавање

Published by amorodor under медиуми, музика

YouTube Preview Image

Уште една звезда кон небото во полн сјај

2 responses so far

мај 06 2012

Убав ден а?

little fish, big fish …

YouTube Preview Image

One response so far

мај 06 2012

Eпиграф на денот

Eve денес еден интерсен меил од мојот помлад брат:
Кој се поти кога јаде супа, здрав е.
Кој се поти кога пие таблети,болен е.
Кој се поти при секс , стар е.
Кој се поти на работа луд е.
Кажи им го тоа на сите кои се неумерени во работата!
Мото на денот!
Работата не е Кур,лесно чека и пет дена!

2 responses so far

апр 10 2012

Поздрав до…

Поздрав до чудољуБците

6 responses so far

апр 10 2012

Добро утро

Само уште еднаш да те бакнам

14 responses so far

јан 07 2012

Божикно со мене

Во последната крчма во центар

Поет како модератор

тесар во позадина на недовршени

и довршени поетски текстови

ви инфо зона

услов за гостинот шише домашно вино

посебен акцент на кулоарски шепотења

за прелистувања под мишки во корен

дојдете и дознајте во кој градски автобус

најубава поезија се пишува

која соба во студенски книжевно е незаобиколна

што жените рецитираат за воинот на коњ

за последниот научен осврт како се ебаваат гуштериците

и многу подоко сoкриени сугерирани интимности

во последната крчма во центар.

YouTube Preview Image

No responses yet

јан 07 2012

Еден четврток отпосле

The_Hitchhiker__s_Guide_by_riddle882[1]

Далеку во неистражените позадини на една зафрлена област во западниот спирален крак на Галаксијата се наоѓа едно мало, неугледно, жолто сонце.Во орбитата околу него, на растојание приближно од стотина милиони милји , се наоѓа безначајна сино зелена планета чии што жители, кои настанале од мајмун, толку се примитивни што уште дигиталните рачни часовници ги сметаат за страшно добра идеја.Таа планета има-или, да бидеме попрецизни имаше-еден проблем, кој што може да се опише вака: Повеќето од жителите имено беа несреќни.Како решение на овој проблем се предлагаа разни решенија, но воглавно проблемот се сведуваше секогаш со повразаноста на движењето на некакви зелени мали парчиња хартија, и што навистина беше чудно тие, самите мали зелени парчиња хартија самите не беа несреќни.Поради тоа проблемот цело време опстојуваше.Луѓето воглавно беа зловолни и повеќето е чуствуваа бедно, дури и оние со дигиталните часовници.Се повеќе ги имаше оние кои мислеа дека направиле голема грешка кога се симнале од дрвото. Некои дрвото го сметаа за лоша замисла и дека воопшто не било потребно ни океанот да го напуштаат.

И тогаш еден четврток,после скоро две илјади години одкога некој тип беше го приковале за дрвото зашто рекол дека би било убаво и сјајно кога луѓето за промена би почнале еден спрема друг да се однесуваат пољубезно, една девојка која за свој грош седеше во некој кафиќ од оваа страна на улицата, одеднаш сфати во што грешеа сето ова време, и најпосле се сети како светот може да се претвори во добро и среќно место. Овој пат навистина мислата беше идеална и никој не ќе мора никого да го заковува за дрво.Ама, за жал, пред и да стигне некому да му се јави на телефон дојде до страшна и глупава катастрофа и идејата беше изгубена засекогаш…

7 responses so far

дек 20 2011

Вештерка и забавувачка

Слушајќи неколку парчиња од нејзиниот албум Homeland наидов на нејзиниот машки соло, Another Day in America.Слушнете го тука.

Но, јас застанав на зборовите:

…And you know the reason I really love the stars is that we cannot hurt them.

We can’t bum them or melt them or make them overflow.

We can’t flood them or burn them up or turn them out.

But we are reaching for them. We are reaching for them.

Па сега вие мислите….

6 responses so far

авг 01 2011

Ме разбира ли некој

Кога не можев да пишувам

добивав дарови низ ледени дланки

И твоето руменило во зората го

распродавав

Ништо не посадив ништо не оплодив

ретки скапоцени камења никнаа

Ги полеав сите немири наши

да растат покрај нас за тебе

Се  рспрснаа се разлетаа се здробија

како бисерчиња

Се разлеаја низ твоето грло

испливаа како подморница на твоето лице

============================

Сега се менува целиот призор во крупен план

огромна оросена ливада, цвеќиња, сонце и

безброј насмевки

Повремено во кадарот влегува прамен немирна коса

и крупни сини очи на срна…

.

2 responses so far

јул 21 2011

Aнти расказ

Тивко се искачувам по заспаните лијани

во твојата постела без будилник

точно на пладне

ниту времето  успева да ме забележи

единствено чоколадото се топи со сладок шум

а сижето мокро од маслините полека се вплеткува во

твојата лоза кроеки ветер во моите лути ноздрви

украсени од најфината бела резба и форма на бесен  коњ

Семокниот хаос ги најави фанфарите на твоите пажови

на тацна да ги стават сите донирани симфонии и клучеви

Лијаните се разбудија..

No responses yet

мај 20 2011

Еlеct diрѕtiск

Беше некогаш

No responses yet

мај 12 2011

Ноќта посака

Ноќта посака  еден стих од песна

И неделното гребење по надежта

На девојчето дланките да му ги стопли

А…

Огништето подсетуваше

На недостаток

Непознато царство

Бегство на моќта во рацете

На преживеаната кралица

Немилосрдно

Се богатеше духот

Од небесниот милодар

Топејќи се во млечната прашина

На молитвените зборови

А мантрите обични плагијати

На современите овенати

Кактуси без трње

Плачот на росата

Над црниот автопат

Ја следи белата линија

Се до новата тренд култура

Наречена бесмислица

И вечерва не сакам

Да го убијам

Жарот

Нека се преполови тлото

И јас рацете ќе ги стоплам…

.

One response so far

мај 02 2011

Тука границите не постојат

YouTube Preview Image

Image and video hosting by TinyPic

7 responses so far

мај 02 2011

Онаму каде што припаѓаме

Ми беше завртена со грб. Се насетуваше дека е во една од положби кои се необични во кои што човек не може да  се задржи долго. По нејзиниот став и држење се чинеше дека сакаше таму некому да му довикне уште нешто гласно или гласно да го поздрави во далечината, но ни тогаш глас не и слушнав,како ни пред ни после тоа.Што и да беше ми изгледаше толку раскрилено и величествена во просторот, со тело кое се покорува на некоја за мене непозната моја потреба, тело кое некому му е толку благочестиво, наклонето, некому кој заминува, а не гледам кому, да му даде уште нешто од себе, најмалце уште онолку колку што ноќта и далечината допуштаат.Сето тоа го видов во еден миг, колку што може да се види низ самракот и сенките на залистените дрвја, од кола што со брзина поминува низ широката улица.Не ни помислував да кочам или да застанам. Напротив, го  грабнав во минување  целиот тој видокруг: Олистената крошна на големото дрво, плочникот, згаснатато лице на белата фасада , а преку сето тоа разгранетиот топол лик на жената која несвесно и непоштедно се предаваше на нешто во далечината во мракот-притиснав на педалото за гас  а во мислата ми се вкопа чуството на киднапер.

8 responses so far

апр 29 2011

И сиот тој џез

И сиот тој џез..

.

Скокни ми..во сонот..

Не плаши се, мојата желба

Ливадте ги бои, црвени, килибар жолти

Образите во булковина

Насмевката ќе не задушува

Од животот базар на чуства праам

Никогаш ефтино не се продаваме

Само за себе те сакам..кловновски насмејсе

.

And oh, so sad..

So sadly the time goes by..

.

E сега…

Не каскаат зад нас лажни пороци

Тоа што слушаш не се чекори

Овој ден одлучно трае

Кога си ти во прашање

А времето најголем издаица

Но, и јас умеам вешто да го излажам

Понекогаш..

.

9 responses so far

Next »